Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Фолксваген доби понуда за Ламборџини во вредност од 7,5 милијарди евра

27 мај 2021 г.·2 мин читање·2476 прегледи

Следете не на Viber

Фолксваген доби понуда вредна 7,5 милијарди евра за преземање на Ламборџини од еден англо-швајцарски конзорциум и покрај тврдењата на германскиот производител дека возила од овој бренд не се за продавање.

Швајцарската Квантум групација издаде необврзувачка понуда во писмо со понуда упатена до групацијата Фолксваген претходниот месец, предлагајќи ги условите за нејзиното преземање.

Новоотворената холдинг-компанија, со седиште во Цирих, формираше конзорциум заедно со инвестициската фирма Центрикус од Лондон за споменатата потенцијална понуда.

Претседателот на групацијата Фолксваген, Херберт Дис и претседателот на Ауди, Маркус Дисман, потврдија дека имаат сознанија за понудата за купување на Ламборџини.

Фолксваген започна да подготвува стратешки опции за Ламборџини и Дукати во ноември минатата година, споменувајќи ја можната почетна јавна понуда или продажба.

Сепак, германскиот автомобилски гигант официјално ја одби понудата за неговата продажба во декември 2020 година по состанокот на надзорниот одбор на групацијата Фолксваген, кога беше одлучено да се задржи бизнисот на Ламборџини под контрола на Ауди, заедно со Бентли.

Ауди стана сопственик на Ламборџини во 1998 година со купување на удел од 110 милиони долари во индонезискиот заеднички потфат Мегатек од Хутомо Мандл Путра, најмладиот син на тогашниот претседател Сухарто.

Ламборџини продаде 7.430 возила минатата година, што е помалку од рекордната годишна продажба од 8.205 единици во 2019 година. И покрај овој пад, главно се припишува на 70-дневното затворање на фабриката во Св. Агата, Италија, поради пандемијата, профитот на компанијата достигна рекорден приход од 1,61 милијарди евра.

Клучни зборови

  • Ауди
  • Ламборџини
  • Фолксваген
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk