
НОВА ГОДИНА НИЗ ИСТОРИЈАТА И СВЕТОТ: Една ноќ, илјада обичаи
Новата година е празник што ги надминува времето, културите и религиите и со право се смета за најстар организиран празник во историјата на човештвото. Нејзините корени водат повеќе од 4.000 години наназад, до древниот Вавилон, каде што луѓето верувале дека со доаѓањето на новата година се раѓа новото Сонце и започнува нов циклус на животот.










