
Побрзо да се најде инвеститор и работа за сите – бараат работниците од „Еуроникел индустри“
Работниците од „Еуроникел индустри” не прифаќаат само стотина од нив да ја одржуваат печката во фабриката, како што предложила банката доверител и нов сопственик на комбинатот. Бараат побрзо да се најде инвеститор и сите да останат на работа, изјави претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство, Игор Герасов, за МИА, повторно укажувајќи на неизвесноста
