Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Побрзо да се најде инвеститор и работа за сите – бараат работниците од „Еуроникел индустри“

3 јан. 2024 г.·2 мин читање·1016 прегледи

Следете не на Viber

Работниците од „Еуроникел индустри” не прифаќаат само стотина од нив да ја одржуваат печката во фабриката, како што предложила банката доверител и нов сопственик на комбинатот. Бараат побрзо да се најде инвеститор и сите да останат на работа, изјави претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство, Игор Герасов, за МИА, повторно укажувајќи на неизвесноста за околу 800 работници и многу други соработници на компанијата.

„Нашиот став е веќе познат, што побрзо да се најде инвеститор, за фабриката да може да продолжи да работи. Банката доверител ја активираше хипотекарната гаранција, сега таа е сопственик на комбинатот. Странските газди веќе не раководат со фабриката, работниците се оставени сами на себе. Предлог на банката беше да останат сто луѓе на работа да ја одржуваат печката за просечни плати, додека да се најде инвеститор“, појасни Герасов.

Воедно, нагласи дека сите работници апелираат до банката да се изнајде решение и побрзо да дојде инвеститор.

„Како што сум информиран од банката, во финални разговори се со некој инвеститор и се надеваат на потпишување договор што е можно побрзо, за да може компанијата да продолжи со работа“, вели Герасов, додавајќи дека работниците немаат земено три плати.

Некогашниот кавадаречки гигант „Фени“ не работи веќе неколку месеци. Во тој период период вработените протестираа во повеќе наврати, со барање да не се дозволи затворање на фабриката, која со децении наназад е од огромна важност и за регионалната и за македонската економија.

 

Клучни зборови

  • Еуроникел Индустри
  • инвеститор
  • работници
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk