
Започнува Глобалната недела на парите 2023: „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината!“
Финансиските регулатори во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, единаесетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите што оваа година ќе се одржи од 20 до 26 март 2023 година. Годинешнава тема „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината“ (Plan your money,
