Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Започнува Глобалната недела на парите 2023: „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината!“

20 мар. 2023 г.·4 мин читање·1806 прегледи

Следете не на Viber

Финансиските регулатори во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, единаесетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите што оваа година ќе се одржи од 20 до 26 март 2023 година.

Годинешнава тема „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината“ (Plan your money, plant your future) се фокусира на одржливоста, и подигнувањето на свеста од импликациите на индивидуалното финансиско однесување не само врз финансиската иднина, туку и врз животната средина и општеството. Учесниците на Глобалната недела на парите можат на оваа тема да учествуваат во активности преку кои ќе се потенцира важноста на финансиските одлуки за социјална, економска и финансиска одржливост. Оваа тема ги поттикнува младите луѓе при нивните финансиски одлуки да гледаат долгорочно и да го имаат во предвид влијанието врз животната средина и општеството.

Активностите за време на Глобалната недела на парите годинава главно ќе се одвиваат преку е-предавања, предавања со физичко присуство  и објави на едукативни материјали на интернет-страниците на институциите и социјалните мрежи. Предавањата ќе бидат наменети за учениците од основните и од средните училишта од нашата земја, како и факултетите, на теми од областите што ги покриваат одделните институции, поврзани со функционирањето на финансискиот систем.

Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС, продолжува континуирано со своите едукативни активности за младите и во текот на Глобалната недела на парите 2023. Во соработка со Министерството за образование и невладината организација Интерактивна мрежа за образование и ресурс – ИМОР воспоставивме координација со дел од државните и приватните  факултети, на кои заедно со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво ад. Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје, ВФП Пензиско друштво ад Скопје ќе одржиме едукативни предавања на студентите за подигање на свеста на младите за потребата од поголема финансиска писменост со цел одговорно трошење на личните финансии, правилно управување со сопствениот буџет и долгорочното штедење и инвестирање гледано низ призмата на придобивките и можностите кои ги нуди пензискиот систем во делот на задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување.

Почетокот на Глобалната недела на парите 2023 ја започнуваме со едукација и отворена јавна дебата со студентите на Економскиот факултет, Скопје при  Универзитетот Св. Кирил и Методиј. На  светско ниво, Глобалната недела на парите се одбележува од 2012 година, со единствен прекин во 2020 година поради пандемијата, во организација на Организацијата за економската соработка и развој (ОЕЦД). Оваа глобална иницијатива, којашто досега се одбележува во повеќе од 176 земји во светот, во која се опфатени 53 милиони деца и млади, ја подигнува свеста кај младите за финансиската едукација и ги зголемува нивните знаења за парите, штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Секоја година, младите луѓе разговараат, читаат и учат за економските и за финансиските системи преку најразлични активности што ги спроведуваат финансиските и образовните институции.

 

Повеќе информации за Глобалната недела на парите на врската: globalmoneyweek.org

Клучни зборови

  • Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување
  • Глобалната недела на парите 202
  • засадете ја иднината
  • Планирајте си ги парите
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk