
Групацијата Триглав со високи остварувања – во Македонија лидер во неживотното осигурување
Групацијата Триглав на македонскиот пазар ја сочинуваат компаниите Триглав Осигурување, Триглав Осигурување Живот и Триглав пензиско друштво. Компаниите Триглав Осигурување и Триглав Осигурување Живот во првата половина од 2024 година ја зголемија вкупната бруто полисирана премија на износ од 19,9 милиони евра (на крајот на првото полугодие од 2023 година изнесуваше 16 милиони евра). Групацијата,





