Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ОсигурувањеФондови

АМ Бест ја потврди бонитетната оценка »A« со стабилна среднорочна прогноза за Групацијата Триглав

20 ное. 2019 г.·2 мин читање·99 прегледи

Следете не на Viber

Агенцијата за кредитен рејтинг АМ Бест, по редовната годишна ревизија, на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Ре повторно им ја потврди бонитетната оценка на финансиска моќ »A« (одлично) и долгорочната бонитетна оценка за кредитна способност на издавачот »a«. Оценките за кредитниот рејтинг на двете друштва имаат стабилна среднорочна прогноза, која ги изразува очекувањата на агенцијата, дека Триглав, среднорочно, ќе ја задржи својата цврста финансиска позиција, доброто работење и водечката положба на пазарите во Словенија и регионот, каде е присутна Групацијата.

АМ Бест ја оценува финансиската позиција на Триглав како многу цврста, со стабилно работење. Профилот на работењето, како и влијанието на мнозинскиот сопственик на оценката за кредитен рејтинг е неутрален. При тоа, нагласува дека системот за управување со ризици на Групацијата Триглав е развиен и соодветен во поглед на профилот на ризик, сложеноста и обемот на работењето.

Оценката за цврстата финансиска положба се темели на ризиците прилагодени на капитализираноста на Групацијата Трилгав, којшто е на најсилното ниво. Според мислењето на агенцијата, Групацијата претпазливо управува со резервите и има добар степен на финансиска флексибилност со пристап до пазарите на капитал и обврзници, што се одразило и на годишната емисија на субордирани обврзници.

Агенцијата наведува дека добрите деловни резултати на Групацијата Триглав последните години произлегуваат од одличниот технички резултат од неживотните осигурувања на домашниот пазар и здравите приноси од нивните инвестиции. Верува дека на работењето сеуште влијаат условите на ниски каматни стапки, состојбата во сегментот на осигурувањето на живот, моќната конкуренција и комплексните услови на пазарите во регионот каде е присутна Групацијата. Агенцијата ја потенцира предноста на водечката позиција на Групацијата Триглав на словенечкиот пазар и во регионот. Наведува дека Триглав располага со добра и разновидна деловна структура, како од продуктна, така и од географска гледна точка.  При тоа, наведува дека Триглав на пазарите надвор од Словенија го подобрува своето работење врз основа на зголемување на обемот и активното барање дополнителни, поекономични продажни канали.

Агенцијата за кредитен рејтинг АМ Бест при потврдувањето на високата кредитна оценка за подружницата Позаваровалница Тригав Ре ја истакна нејзината стратешки важна улога како реосигурувач на сите компании на Групацијата Трилгав.

Клучни зборови

  • Агенција за кредитен рејтинг АМ Бест
  • бонитетна оценка
  • Групација Триглав
  • Заваровалница Триглав
  • Позаваровалница Ре
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk