
Ангеловска-Бежоска – Аранитаси: Народната банка посветена на макроекономската стабилност, ЕБОР ќе продолжи со поддршката на македонската економија
„Во услови на енергетска криза и раст на глобалните цени на енергентите, коишто влијаат и врз девизниот пазар, домашните цени и животниот стандард, Народната банка целосно е посветена на остварувањето на својата основна цел, одржувањето на макроекономската стабилност“. Ова беше истакнато на средбата меѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерот Фадил Бајрами и претставникот


