Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ЕБРД со заем од 300 милиони евра за Молдавија

26 јун. 2022 г.·2 мин читање·1215 прегледи

Следете не на Viber

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе и даде на Молдавија заем од 300 милиони евра за да и помогне на земјата да обезбеди дополнителни резерви на гас со кои би можеле да се надоместат можните прекини во снабдувањето предизвикани од руската војна против Украина.Ж, објави Радио Слободна Европа.

Молдавија, една од најсиромашните земји во Европа, е речиси целосно зависна од испораките на руски гас за нејзината индустрија и потребите за греење.
Рускиот државен енергетски гигант Газпром и Молдавија потпишаа договор за испорака на гас со важност до 2026 година по тешките преговори за цената.

„Заемот ќе финансира до една петтина од планираниот увоз на гас на Молдавија за 2022 година, кој е ранлив на потенцијален прекин како резултат на војната против Украина“, се вели во соопштението на ЕБРД.

Заемот на владата на прозападната претседателка Маја Санду ќе биде исплатен на две рати, односно 200 милиони евра за да се избегнат прекини и дополнителни 100 милиони евра за да се изгради стратешка резерва во Украина или Романија.

„Работиме во лето, да имаме помалку грижи во зима“, рече вицепремиерот Андреј Спину во објава на Фејсбук.

ЕБРД соопшти дека нејзиниот заем ќе финансира до 20 отсто од планираниот увоз на гас во Молдавија за 2022 година. Молдавија која се наоѓа меѓу членките на ЕУ и НАТО, Романија и Украина, воведе вонредна состојба набргу по почетокот на руската неиспровоцирана инвазија врз Украина.

Земјата прими стотици илјади украински бегалци од почетокот на војната. На 23 јуни Молдавија заедно со Украина доби покана да ги започне преговорите за прием во Европската унија.

Клучни зборови

  • ебрд
  • Европската банка за обнова и развој
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk