
ДРЖАВНАТА ЛОТАРИЈА И ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ПРИХОД ОД 129,6 МИЛИОНИ ЕВРА: Каде одат парите?
Низ историјата, државите често ги користеле лотариите како еден вид доброволен данок. Може да се најдат записи и дека Кинескиот ѕид делумно се финансирал со пари од одредени игри. Историчарите најчесто сметаат дека првите „модерни“ јавни лотарии – со купување тикети и парични награди – се појавиле во 15 век во денешна Белгија и Холандија.

