„Пари“ анализира: колку заработиле двете комании за игри на среќа каде сопственост има државата
Државите ширум светот организираат лотарии и на тој начин заработуваат. И македонската држава има свои компании за организирање на игри на среќа. Едната е АД Државна лотарија на Македонија и таа е 100% во сопственост на државата. Како што пишува на нејзината офцијална страница “компанијата е во државна сопственост, основана според успешни примери и искуства од европските и светските државни лотарии, со цел континуиран придонес во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели лотарија“. Другата е Државната видеолотарија на РСМ – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, која е во сопственост на Државната Лотарија на С. Македонија и на Касинос Аустриа Интернационал Македонија, Заедничката добивката на двете компании: АД Државна лотарија на Македонија и на Државната видеолотарија на РСМ – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје, во 2021 година…