Финансии
Пругата до Бугарија можеби ќе се догради со 175 милиони евра заем од ЕБОР
Државен заем од 175 милиони евра за доизградба на дел од европскиот железнички Коридор 8 е можноста која ја разгледува Европската банка за обнова и развој. Доколку дојде до одобрување, средствата би се искористиле преку Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, со намена – завршување на последната делница од железницата на источниот крај на овој Коридор.