Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Пругата до Бугарија можеби ќе се догради со 175 милиони евра заем од ЕБОР

16 јун. 2023 г.·2 мин читање·1245 прегледи

Следете не на Viber

Државен заем од 175 милиони евра за доизградба на дел од европскиот железнички Коридор 8 е можноста која ја разгледува Европската банка за обнова и развој. Доколку дојде до одобрување, средствата би се искористиле преку Јавното претпријатие за железничка инфраструктура, со намена – завршување на последната делница од железницата на источниот крај на овој Коридор.

Со парите од заемот би требало да се финансираат изградбата, сигнализацијата и телекомуникациите од Крива Паланка до бугарската граница, во вкупна должина од 23,4 километри. Исто и електрификацијата на целата источна железничка пруга, вклучувајќи ги делниците 1, 2 и 3 во вкупна должина од 88 километри.

„Со финансирање на изградбата на третиот преостанат дел ќе се воспостави првото поврзување на македонскиот железнички транспорт со бугарската железничка мрежа, ќе се олесни меѓународното/транзитното движење на стоки и луѓе, особено со соседните земји на ЕУ и Турција, ќе се придонесе за префрлување на сообраќајот од патен на железнички транспорт преку подобрување на конкурентноста на железничкиот сектор. Проектот ќе ја зголеми и безбедноста и сигурноста во сообраќајот и за патниците и за товарот, ќе понуди можности за развој на бизнисот во близина на железничката пруга и станиците и ќе ги подобри еколошките услови во населените места и регионите опфатени со проектот“, наведено е во соопштението од ЕБРД.

Клучни зборови

  • Државен заем
  • ЕБОР
  • железнички транспорт
  • Коридор 8
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk