
Донација на УНИБанка: Детската клиника Козле доби нов апарат за пациентите со цистична фиброза
УНИБанка донираше најсовремен медицински апарат за болните од цистична фиброза на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ Скопје. Оваа донација ќе придонесе за олеснување на неопходната физикална респираторна терапија за децата и возрасните пациенти кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на белодробните заболувања, особено оние со цистична фиброза, бронхиектазии, ХОББ и други









