Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Донација на УНИБанка: Детската клиника Козле доби нов апарат за пациентите со цистична фиброза

2 јун. 2026 г.·2 мин читање·5562 прегледи

Следете не на Viber

УНИБанка донираше најсовремен медицински апарат за болните од цистична фиброза на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ Скопје.

Оваа донација ќе придонесе за олеснување на неопходната физикална респираторна терапија за децата и возрасните пациенти кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на белодробните заболувања, особено оние со цистична фиброза, бронхиектазии, ХОББ и други состојби со задржување на густ секрет во дишните патишта.

„УНИБанка отсекогаш била поддршка на локалната заедница и секојдневниот живот на луѓето во Македонија. Веруваме дека вистинските вредности се градат преку грижа, хуманост и поддршка таму каде што се најпотребни. Како општествено одговорна компанија, со особена посветеност поддржуваме проекти кои носат подобар живот и насмевка за децата и семејствата.

Нашата мисија не е само да создадеме квалитетни финансиски решенија, туку и да покажеме човечност, емпатија и искрена грижа за заедницата. Особено сме горди кога можеме да помогнеме во унапредување на условите за лекување и рехабилитација на најмладите пациенти“, изјави Делчо Крастев, Претседател на Управен одбор на УНИБанка.

“Овој апарат претставува значајна поддршка во рехабилитацијата и секојдневната терапија на децата со белодробни заболувања и цистична фиброза, бидејќи овозможува поефикасна и помалку заморна респираторна физикална терапија. Неговото значење е уште поголемо бидејќи го добиваме во време кога континуирано се работи на зајакнување и унапредување на техничките капацитети”, изјавија од клиниката.

Ваквите активности УНИБанка ќе ги продолжи и во иднина, со цел да придонесе кон подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.

 

Клучни зборови

  • донација
  • ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата “Козле”
  • најсовремен медицински  апарат за болните од цистична фиброза.
  • УНИ банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk