
ДЕМОГРАФСКА ТРЕВОГА ВО ЕВРОПА: Помалку млади, повеќе пензионери и 53 милиони жители помалку до крајот на векот
Европа полека влегува во век во кој најголемиот предизвик нема да биде само економскиот раст, туку прашањето кој ќе работи, кој ќе плаќа даноци и кој ќе ги одржува пензиските и здравствените системи. Новите демографски проекции на Евростат покажуваат дека Европската Унија сè уште не е на прагот на непосреден пад, но трендот е јасен:










