Најави се Зачлени се
Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

БЛАГОСЛОВ ИЛИ ПРОКЛЕТСТВО: Стогодишниците во Јапонија надминаа 95.000, наталитетот падна на најниско ниво од 80-те

Ј.Д.·18 сеп. 2024 г.·2 мин читање

Бројот на стогодишници во Јапонија надмина 95.000, што претставува рекордно високо ниво 54-та година по ред.

Министерството за здравство и благосостојба ја објави бројката врз основа на Основниот регистар на жители од 1 септември. Во него се вели дека има 95.119 лица на возраст од 100 или повеќе години, што е зголемување за 2.980 од минатата година. Министерството вели дека имало 153 стогодишници во 1963 година. Бројката надминала 1.000 во 1981 година и првпат надминала 10.000 во 1998 година.

Жените сочинуваат повеќе од 88 отсто од вкупниот број, односно 83.958. Имаше 11.161 машки стогодишници.

Најстарата жена во Јапонија беше 116-годишната Итока Томико од Ашија Сити во префектурата Хјого. Најстариот човек беше 110-годишниот Мизуно Кијотака од градот Ивата во префектурата Шизуока.

Префектурата Шимане има најголем процент на стогодишници (159,5 на 100.000 луѓе) – во споредба со префектурата Саитама, која останува на дното на табелата (45,8 на 100.000 луѓе).

Стареењето на општеството во Јапонија е нагласено со рекордно високо ниво од 95.119 стогодишници – според бројките објавени од Министерството за здравство и благосостојба.

Секое утро, многу постари граѓани прават лесен тренинг надвор или одат на брза прошетка. Згора на ова, јадењето здрава храна е дел од основните навики на општеството.

ПОВЕЌЕ СТАРЦИ, ПОМАЛКУ БЕБИЊА

Сепак, не е се така розово во Јапонија. Во спротивна насока од зголемениот број стогодишници, опаѓа бројот на новороденчиња. Во 2022 година, раѓањата паднаа под 800.000 од 1,5 милиони во раните 1980-ти.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека земјата е „на работ“ – во врска со падот на наталитетот.

Светскиот економски форум во 2023 година – во врска со стареењето на општеството во Јапонија – предупреди: „Ова е темпирана бомба за јапонскиот систем за социјално осигурување, кој се бори да ги покрие трошоците на пензионираното население со помалку работници кои плаќаат даноци“.

Клучни зборови

  • демографија
  • долговечност
  • јапонија
  • наталитет
  • Светски економски форум
  • стогодишници
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk