
Крипто
Споменик на пронаоѓачот на биткоинот – Сатоши Накамото е подигнат во Будимпешта
Нов споменик беше откриен во паркот Графисофт во близина на Дунав, во деловниот центар во Будимпешта. Тоа е биста која го слави „непознатиот херој“ кој во 2009 година под псевдонимот Сатоши Накамото го објави првиот whitepaper, техничка документација за биткоин. Така, во крипто заедницата, Сатоши се смета за двигател на целиот екосистем базиран на блокчејн.