
Бизнис
ПРАЗНИЦИ СО И БЕЗ БОНУС: Како светот ги наградува вработените за Нова Година и Божиќ
Декември е месец кога канцелариите тивко се делат на два света. Во едниот, вработените со насмевка ја отвораат банкарската апликација, планираат патувања, подароци и мали бегства по празниците. Во другиот, пристигнува внимателно срочен мејл со наслов „Season’s Greetings“, полн со убави желби, но без финансиска содржина. Божиќниот бонус, популарно наречен божиќница, одамна не е само
