Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА СИТЕ ВРАБОТЕНИ: Словенија воведува задолжителна исплата на божиќница, работодавците загрижени

17 окт. 2025 г.·3 мин читање·483 прегледи

Следете не на Viber

Словенечката влада усвои предлог-закон за исплата на зимски бонус на сите вработени, со кој се дефинира исплата на задолжителен божиќен бонус во декември во износ од 639 евра ослободени од данок, а се очекува словенечкиот премиер Роберт Голоб во петок да се сретне со претставници на организациите на работодавачи, кои се вознемирени од таа најава.

Во предлог-законот за исплата на зимскиот бонус, словенечката влада предлага воведување на задолжителен божиќен бонус во износ од половина од минималната плата, на кој нема да се плаќа ниту данок ниту придонеси. Оваа година, божиќниот бонус би се исплатил најдоцна до 18 декември, додека работодавачите кои имаат проблеми со ликвидноста би можеле да го исплатат божиќниот бонус со задоцнување, по моделот на празничниот надомест, најдоцна до 31 март следната година.

Понатаму, само оваа година компаниите во тешкотии треба да им исплатат на своите вработени божиќен бонус во износ од осмина од минималната плата, односно 160 евра. Услов за тоа би бил тие да не исплаќаат дивиденди и бонуси на менаџментот.

Во јавниот сектор, сепак, оваа година на сите ќе им биде исплатен зимски бонус од 639 евра, а Министерството за финансии мора да подготви план за исплата.

Во петок премиерот Роберт Голоб ќе се сретне со претставници на организациите на работодавачи, кои се вознемирени од најавата за задолжителен божиќен бонус. Работодавачите ја поздравија можноста за исплата на намалениот износ или негово одложување, но во исто време изразија желба за понатамошно приближување на ставовите.

„Драго ни е што доаѓаат со вакви предлози и ги поздравуваме, но тие сè уште не се на нивоата што ги очекуваме“, изјави во четврток Митја Гореншчек, главен извршен директор на Стопанската комора на Словенија. Тој треба да ги презентира своите прелиминарни предлози на премиерот на претстојниот состанок, а за словенечката телевизија изјави дека работодавачите првенствено сакаат божиќниот бонус да остане доброволен.

Во меѓувреме, синдикатите, кои го поддржуваат задолжителниот божиќен бонус, се убедени дека исплатата треба да биде иста за сите и дека „попуст“ за работодавачите да ја одложат исплатата е доволен.

Според пресметките на министерството, вкупните трошоци за исплати на државните службеници ќе изнесуваат 118 милиони евра, но ако се земе предвид пошироката долгорочна загуба на јавни приходи (губење на данок на доход, придонеси за социјално осигурување во јавниот и приватниот сектор), таа би изнесувала вкупно 372 милиони евра. Се очекува законот да биде испратен во парламентот до крајот на октомври, а новата седница на Економскиот и социјален совет би можела да се одржи помеѓу 27 октомври и 7 ноември. Владата планира да вклучи во истата законска рамка зимски надоместок за пензионерите од 150 евра оваа година, кој постепено ќе се зголемува до 2030 година.

Клучни зборови

  • божиќен бонус
  • божиќница
  • работодавци
  • синдикати
  • Словенија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk