
ЗА ПОВЕЌЕ ДЕСТИНАЦИИ И ПАТНИЦИ: Шест години државна поддршка за авиопревозниците
Од сегашните три, субвенционирањето на авиокомпаниите да се продолжи на шест години. На тој начин ќе се стимулира зголемувањето на бројот на летови, воведувањето нови дестинации, а ќе порасне и бројот на превезени патници. Ова е наведено како цел на измената содржана во Предлог-законот за изменување на Законот за воздухопловство. Иницијативата е на шест пратеника


