Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

На авиокомпаниите им требаат нови 80 милијарди долари помош

24 ное. 2020 г.·2 мин читање·114 прегледи

Следете не на Viber

На авио-компаниите во светот ќе им бидат потребни уште 70-80 милијарди долари за да помогнат во преживување на кризата со коронавирус, што е половина од сумата што веќе ја добија од националните влади, предупреди Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).

„Исклучително сме благодарни на Владите што веќе инјектираа 160 милијарди долари во тој сектор. Потребите на оваа индустрија за следните месеци се проценуваат на 70-80 милијарди долари дополнителна помош. Во спротивно, некои авиокомпании нема да преживеат “ рече Александар Де Зинијак, генералот на ИАТА, на Парискиот авијациски форум, чиј домаќин беше весникот „Ла Трибун“, пренесува Ројтерс.

Иако развојот на вакцини против Ковид инспирира надеж, враќањето на масовните патувања не се очекува уште многу месеци, велат раководителите на авио-компанијата.

Проблемите ќе се зголемат во текот на зимската сезона, кога во нормални околности профитот на овој сектор е „слаб“, бидејќи повторниот раст на бројот на заразени и ограничувања на патувања дополнително ги намалува финансиските изгледи на авио-компаниите, кои, според ИАТА, ќе бидат во загуба оваа година од 87 милијарди долари.

Многу е веројатно дека ќе забележиме поголеми загуби од бројката што ја објавивме – рече Де Зинијак, додавајќи дека загубата во текот на целата година може да се приближи до износот од 100 милијарди долари.

ИАТА предвидува болно бавно закрепнување на воздушниот сообраќај и очекува да го достигне нивото пред кризата во 2024 година, со дополнителен пад на бројот на патници за 30 проценти следната година.

„Дури и тоа е многу оптимистичка прогноза. Ние проценуваме дека воздушниот сообраќај на крајот на 2020 година ќе биде на 33 проценти од нивоата од 2019 година, а потоа, се надеваме, на 50-60 проценти на крајот на 2021 година“, изјави Де Зинијак.

Клучни зборови

  • авио-компании
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk