
Бизнис
ЗА НЕПОЛНИ 3 ЧАСА СКОПЈЕ-АМСТЕРДАМ: директен лет со „Transavia“ после 17 години
После 17 години, од март 2025 година, Македонците ќе бидат повторно авионски директно поврзани со Амстердам преку нискобуџетната компанија „Transavia“. Компанијата ќе започне со работа меѓу Амстердам и Скопје следниот март. Првпат аеродромот Шипхол и македонскиот главен град беа поврзани со редовен авиопревоз од септември 2008 година, но поради колапс на компанијата, линијата се укина.