
ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВА ЛИ ПОРШЕ ВО САД: Германскиот производител бара спас од царините на Трамп што му го „изедоа“ профитот
Порше ја разгледува можноста за организирање производство на автомобили во Соединетите Американски Држави. Главната причина за ваквите размислувања се значителните финансиски загуби поради царините. Додека трае трговската војна на претседателот Доналд Трамп, странските производители на автомобили со историски силна продажба во САД, како што се Порше и Ауди, размислуваат двапати за тоа каде произведуваат возила.










