
Петрески: Граѓаните бараат услуги, не само плати
Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Благица Петрески од Finance Think отвора прашање дали јавните политики ги следат реалните потреби на граѓаните. Таа посочува дека иако политичките дебати најчесто се фокусираат низ прашањата за плати и пензии, анкетите покажуваат поинакви приоритети. Граѓаните не ја препознаваат темата за плати во јавната администрација како клучна.










