Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Finance Think: Ковид-19 ја предизвика најдлабоката индуцирана рецесија на македонската економија

8 сеп. 2020 г.·2 мин читање·189 прегледи

Следете не на Viber

Затвoрањето на економијата и ограниченото движење поради ширењето на коронавирусот Ковид-19 ја предизвика најдлабоката индуцирана рецесија на Македонската економија, при што БДП во вториот квартал од 2020 година се намали за 12.7%, пишува во новиот „Макроекономски монитор“ на Finance Think.

Ова намалување целосно се совпаѓа со проекцијата на Finance Think од 11 април 2020 година. На производната страна, падот е најголем кај индустријата (- 25.3%) и трговијата, транспортот и угостителството (-23.4%), пришто индустријата и транспортот се намалија главно поради ограничената меѓународна трговија и отежнатото движење, додека трговијата и угостителството страдаа од наметнатото затворање и воздржаност од потрошувачка на неесенцијални добра и услуги. На расходната страна, ефектот од индуцираната контракција и ограниченото движење е видлив кај падовите на извозот (-25.6%), увозот (-31.3%) и инвестициите (-29.6%), а падот на потрошувачката е поблаг (-12.7%),  стои во анализата на Finance Think.

Невработеноста во вториот квартал од 2020 се зголеми за првпат по 15 години,на 16.7%од претходните 16.2%.

Сепак, растот е значајно помал споредено со контракцијата на економијата, главно затоа што ударот на кризата беше пресретнат со владините мерки –главно мерката за субвенционирање на платите во износ од 14.500 денари по работник, која вклучуваше одредба за задржување на истиот број работници за време на користењето на мерката и два месеца по нејзиниот престанок. Помеѓу двата квартала, најмногу работни места, 12.000 или 24.2%, се изгубени во дејноста транспорт и складирање, се вели во Макроекономски монитор.

Во моментот, Finance Think ја задржува проекцијата за падот на БДП во 2020 на -3.8%, како и во третиот квартал од 2020 на -4 .7%.

Но, двете проекции се под особено изразени негативни ризици, во целост детерминирани од времетраењето и потенцијалното влошувањена кризата предизвикана од Ковид-19. Особено, овие проекции се изградени врз претпоставкитедека економијата нема повторно да се затвори при евентуален нов удар од Ковид-19 есента 2020, како и дека економските текови ќе продолжат со разумно темпо на нормализација до почетокот на 2021, посочува Finance Think.

Клучни зборови

  • Finance Think
  • ковид-19
  • Макроекономски монитор
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk