
КРИЗА ВО КРИПТО-РАЈОТ: Му предвидуваа астрономски височини, на крајот на 2025 криптото се соочува со сериозни турбуленции
Пред една година, цената на биткоинот достигна пресвртница од 100.000 долари, предизвикувајќи бурни позитивни реакции во светот на криптовалутите. Со претседател на државата кој имаше отворени прокрипто ставови, поддржувачите на индустријата предвидоа дека биткоинот ќе достигне 250.000 долари до крајот на 2025 година. Овие розови проекции не се остварија, пишува во својата анализа Њујорк Тајмс.










