
Бизнис
Прекинот на услугите на Microsoft – AZURE, TIMS и Outlook ги погоди корисниците ширум светот
Корпорацијата Мајкрософт во средата соопшти дека ги обновила сите свои облак-услуги по прекинот на мрежата што ја симна нејзината облак платформа Azure заедно со услугите како што се Тимс и Outlook што ги користат милиони ширум светот. Статус страницата на Azure покажа дека услугите биле погодени во Америка, Европа, Азија Пацифик, Блискиот Исток и Африка.
