
АФЕРАТА „ЦРНА КОЦКА“ ГО РАЗБРАНУВА ПРЕДИЗБОРИЕТО ВО СЛОВЕНИЈА: Сериозен удар по рејтингот на конкурентот на премиерот Голоб – десничарот Јанша
Само неколку дена пред одржувањето на парламентарните избори, закажани за 22 март годинава, Словенија е под влијание на растечки шпиунско-политички скандал, во кој се инволвирани израелски разузнавачки служби и десно-центристичката партија СДС, односно нејзиниот лидер Јанез Јанша. Јанша првично негираше какви било такви контакти со израелски разузнавачки служби. Оттогаш тој призна дека се одржале состаноци,


