Словенија изрекла казни од шест милиони евра поради работа на „црно“

1 мин читање153 прегледи


Управата за финансии на Словенија (ФУРС) објави дека минатата година изрекла казни поради непријавени работници во висина од шест милиони евра, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Инспекторите во борбата против сивата економија и непријавените работници направиле вкупно 11.982 контроли, од кој во 22,3 отсто од случаите утврдиле и санкционирале неправилности.
Владината Комисија за спречување на илегалната економија во извештај објавен на интернет страницата на Владата, забележува дека ФУРС успеал да открие голем дел од нерегуларностите благодарејќи на „добро планираните и исправно насочените контроли“.