
И ДО 60 ЕВРА ЗА СЕТ ЛЕЖАЛКИ: Поскапувањата не го одминаа Халкидики, еве на кои плажи важат новите цени
Македонските граѓани, кои ова лето ќе се одлучат за годишен одмор на грчкиот полуостров Халкидики, ќе треба да се соочат, меѓу другото и со поскапи цени на лежалките на плажа. И годинава, како и претходните, цените зависат од плажата, како и од местоположбата – дали се во првиот ред, во вториот или поназад. Туристите што




