Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПРИВРЕМЕНА ЗАБРАНА ЗА КАПЕЊЕ на плажата Акротири крај Пефкохори поради истекување на канализација, локалците укажуваат на застарена инфраструктура

12 јун. 2026 г.·2 мин читање·3417 прегледи

Следете не на Viber

Во едно од најпосетените туристички места во соседна Грција, градчето Пефкохори на првиот крак на полуостровот Халкидики од вчера е на сила забрана за капење во морето. Имено, Општина Касандра објави привремена забрана за капење и користење на плажата „Акротири“ во Пефкохори, поради истекување на канализација по пукање на цевковод. Поточно, привремена забрана беше воведена во зона од 200 метри од двете страни на местото за отстранување, до завршување на земањето примероци и евалуација на лабораториските резултати.

Во четврток наутро, 11 јуни, било откриено пукање на канализацискиот цевковод во Пефкохори, при што надлежните служби веднаш се мобилизираа и завршија со санирање на штетата. Во областа беа извршени работи за миење и дезинфекција,(хлорирање), додека општината е во континуирана соработка со надлежните служби за следење на инцидентот и земање примероци, објави Еникос.

Веднаш беа информирани Дирекцијата за јавно здравје и социјална заштита на Регионалната единица Халкидики и Центарот за надградба на животната средина на единиците за борба против загадувањето на Халкидики со цел да се изврши планираното земање примероци и потребните лабораториски тестови.

На социјалните мрежи локалните жители на областа коментираат за проблемот со прекумерниот туризам во ситуација кога основната инфраструктура е стара повеќе децении и не може да го опслужува постојано растечкиот број посетители. „Имаме хипертуризам и проблемот ќе се зголемува како што продолжува… водните ресурси се преоптоваруваат, канализацијата не успева да го задоволи зголемениот обем на отпадни води, патната мрежа останува каква што била изградена во 60-тите и 70-тите години… властите се обидуваат да ги задоволат растечките потреби со крпеници и привремени решенија…“, стои во коментарот на една од објавите за случајот во Пефкохори.

(Фото: Фејсбук)

Клучни зборови

  • забрана
  • капење
  • туризам
  • халкидики
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk