
Финансии
Меѓународен ден на сиромаштијата: Во Македонија секој ден се „слави“ 17 октомври
Денешниот, меѓународен ден на сиромаштијата, има кој да го одбележи. Многубројни се граѓаните со дупки во џебовите. Кои се принудени секојдневието да го „прославуваат“ на ситно. И, на кои секој ден им е 17 октомври. Речиси половина милион македонски граѓани буквално преживуваат. Со помалку од 200 денари дневно. Состојбата се влошува со годините и со