Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Меѓународен ден на сиромаштијата: Во Македонија секој ден се „слави“ 17 октомври

17 окт. 2023 г.·4 мин читање·1526 прегледи

Следете не на Viber

Денешниот, меѓународен ден на сиромаштијата, има кој да го одбележи. Многубројни се граѓаните со дупки во џебовите. Кои се принудени секојдневието да го „прославуваат“ на ситно. И, на кои секој ден им е 17 октомври.

Речиси половина милион македонски граѓани буквално преживуваат. Со помалку од 200 денари дневно. Состојбата се влошува со годините и со транзицијата која на овие простори ниако да заврши. Ниедна од досегашните владејачки гарнитури не се соочи со овој растечки проблем. Дури се избегнуваше и мерењето на прагот на сиромаштијата. И сега ќе немаше податоци, доколу невладиниот сектор и експертите на направија анализа на оваа тема.

Студијата презентирана неодамна е обесхрабрувачка. Во текот на минатата година оваа појава станала реалност за дополнителни 24 проценти лица кои се втурнати во екстремна сиромаштија. А, 15 насто се плус во категоријата умерена сиромаштија. Изразено низ бројки – екстремната сиромаштија опфатила уште 14 илјади, а умерената 56 илјади лица.

Под екстремна сиромаштија се подразбира располагањето со дневна доза помала од 60 денари. Што е еднакво на два ѓеврека, на пример. Или три нес кафиња ако се нарачаат во собранискиот ресторан. Патем, храната не е единствената човекова потреба. Умерената сиромаштија, пак, означува дека некои луѓе денот го минуваат со помалку од 200 денари. Еднакво на два литри млеко со „гарантирана цена“.

Студијата покажува дека бројот на умерено сиромашните лица во 2021 бил нешто над 362 илјади. Во 2022 бедата зема замав и се евидентираат 420 илјади лица во таа група.

Во екстремна сиромаштија од речиси 58 илјади во 2021, во 2022 живееле повеќе од 72 илјади лица.

Каква ќе биде состојбата на крајот од оваа година? Експертите предвидуваат дека припадниците на екстремната сиромаштија ќе се намножат до 86 илјади. Армијата, пак, умерено сиромашни може да дојде до нивото од 520 илјади.

Оттаму и препораките: Владата да посегне по мерки за ограничување на растот на цените и за зголемување на приходите; да се зголемат видовите социјална помош за да се намали екстремната сиромаштија; за справување со умерената сиромаштија да се зголемат платите во јавниот сектор и минималната плата; ако е неопходно, како алтернатива да се воведе специјален антикризен надоместок.

За владините претставници сиромаштијата не е „наша привилегија“, туку е проблем секаде во светот, а мерките што се спроведуваат се насочени во борбата за намалување на таа појава.

Според вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, доколку за време на последниве три кризни години, пост-ковид, енергетската и економската криза Владата со мерки не го заштитела стандардот на најранливите групи и не ги зачувала работните места, сликата ќе била полоша.

Оттаму и заложбите за креирање и реализирање на системски решенија, кои се во функција на стабилноста и предвидливиот развој. При што заштитуваат најранливите во времињата на криза или политички премрежја. Како што посочува вицепремиерот, Владата донела такви системски решенија – минимална плата и методологија за пресметка на пензиите. „Оваа категорија граѓани, како никогаш од независноста, сега е заштитена токму од ваквите појави. Оваа Влада покажа дека се грижи подеднакво за сите, така и ќе продолжиме“, рече Битиќи.

Тоа го изјави неодамна, на презентацијата на студијата, а утрово, на Меѓународниот ден на сиромаштијата објави дека ќе се иницира законско решение за намалување на функционерските плати. Парите што на тој начин ќе се заштедат ќе се пренасочат во антикризниот пакет кој се подготвува од задолжените владини ресори.

Инаку, денес на виделина излезе ценовникот на храна и пијалаци што важат во Владата. Небаре се од народна, а не од владината „кујна“. Чорба 60 денари, грав 35 денари, баклава 40 денари. Дали истото важи и за пратениците, не се знае, таму цените не се истакнати. Единствено е потврдено дека пијат турско кафе за 4 денари, еспресо за 12, макијато за 15, нес кафе за 20, а најскапо го плаќаат нес кафето со чоколада – цели 25 денари.

За екстремно високи плати – ниски цени. За сиромаштијата парите не се проблем, еднставно – пари нема.

Клучни зборови

  • екстремна сиромаштија
  • македонија
  • Меѓународен ден на сиромаштијата
  • сиромаштија
  • умерена сиромаштија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk