
МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ НАЈНЕСРЕЌНИ НА БАЛКАНОТ, Словенија меѓу првите 20 држави во светот
Финска осми пат по ред е рангирана како земја со најсреќна популација во светот, според Светскиот извештај за среќа објавен во четвртокот по повод Меѓународниот ден на среќата, помеѓу 147 држави каде е спроведена анкетата. Како и минатата година, сите нордиски земји се најдоа во топ 10, а по Финска следуваат Данска, Исланд и Шведска.


