Најави се Зачлени се
Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен РазвојЛични Финансии

Дали парите можат да ja купат среќата?

Borjan·3 окт. 2020 г.·3 мин читање

Ова тврдење е старо колку и светот, дури и кога немало пари во оптек. Со размена на стоки, луѓето се обидуваа да се осигурат себеси и своето семејство на најдобар начин. Едноставно, тоа е во човечката природа.

Како што станувавме се повеќе зависни од парите со текот на времето, така расте и потребата да ги имаме, да ги „акумулираме“, да ги создаваме или „лесно“ да ги добиваме. И зошто? Затоа што денес купуваме многу работи: од храна и облека, до мали и големи задоволства. Живееме од тоа, ние ги плаќаме сметките со тоа. Но, дали парите носат среќа?

Ако им се верува на истражувачите, одговорот е ДА.

Студија на Универзитетот Јеил и Универзитетот Кембриџ откри дека е можно да бидеме посреќни ако имаме пари, бидејќи тоа задоволство лежи во начинот на кој располагаме со ресурсите: што можеме да си дозволиме и како да го подобриме квалитетот на животот. Иако за многумина, висината на платата не е клучна за личното задоволство, малкумина ќе ви кажат дека парите не им се важни.

Треба да се најде рамнотежа

Студијата покажа дека трошењето пари може да ја зголеми вашата среќа – ако парите се потрошат на начин што одговара на вашата личност. Со други зборови, размислете кој сте кога купувате и тоа може да промени сè. Ова значи дека трошењето на лични задоволства нè исполнува најмногу, но и купувањето подароци за најблиските.

Од друга страна, ќе се согласиме дека плаќањето сметки е омразено за секого, но исто така и неизбежно. Сепак, треба да се има предвид дека прекумерното купување честопати е поврзано со лично незадоволство, или „пополнување емоционални дупки“, како што честопати велат психолозите.

Студија од пред неколку години, заснована на истражување на Галуп, спроведено на повеќе од 450.000 испитаници, сугерира дека заработувачката до 75.000 УСД годишно може да направи човек да се чувствува позадоволен во животот. Во тоа истражување беа вклучени само луѓе од Соединетите држави, додека друго, од 2017 година, вклучуваше членови од целиот свет.

Според резултатите од истражувањето направено пред три години, емоционална благосостојба може да се постигне кога едно лице за 12 месеци заработува од 60 000 до 75 000 УСД. Заситеноста, пак, може да се појави кога некое лице заработува околу 95.000 УСД.

Она што се наведува како главен аргумент за тврдењето дека парите носат среќа, е недостаток на стрес кај луѓе кои заработуваат многу или „доволно“, поисполнет социјален живот, плаќање сметки на време и слично.

 

Клучни зборови

  • баланс
  • лични финансии
  • рамнотежа
  • среќа
  • финансии
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk