
Бизнисот поткрепен со 230 милиони евра – унгарскиот заем пред целосна реализација
Преку кредитната линија обезбедена од Унгарската експорт-импорт банка досега се пласирани 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра во домашната економија. Од вкупно предвидените 250 милиони евра, тоа претставува реализација од 92 отсто. Последниот трансфер, извршен кон Развојната банка на крајот од минатиот месец, изнесува 131 милион денари (2,1 милион евра), соопшти Министерството за финансии.







