
Финансии
ЌАРОТ е 102 МИЛИОНИ ЕВРА – Која банка го носи знамето, а која го собира кајмакот?
Три банки и профит од 101,7 милиони евра. Или Комерцијална, Стопанска и НЛБ банка имаат заедничка добивка од 6,26 милијарди денари. Сумата е огромна, без оглед на валутата. Натрупана во само шест месеци. Последново остварување, односно ќарот на големата банкарска тројка, се удвоил за три години. Во првата половина од 2021 изнесувал 51,7 милиони евра.
