Анализа на банкарскиот сектор: добивки, кредити, депозити, актива
Точно 197 милиони евра чиста добивка направиле банките за девет месеци од годинава. Тоа е дури 66 милиони евра повеќе од истиот период лани. Или незапаметен скок од 50 проценти во однос на реализираните 131 милион евра од првите девет месеци од минатата година, покажува анализата на порталот Пари согласно податоците од Народната банка.
Врз основа на што се должи ваквата заработка на банките?
Билансот на успехот на банкарскиот сектор го дава одговорот. Банките во првите девет месеци од камати прокнижиле 358,5 милиони евра. Во исто време, тие за каматите на депозитите што кај нив ги чува…