
Бизнис
ПЕКОЛНИТЕ ГОРЕШТИНИ ВИНОВНИ ЗА СМРТ на 16.500 луѓе во Европа летово, покажа најнова студија
Зголемувањето на температурите, предизвикано од климатските промени предизвикало околу 16.500 смртни случаи во европските градови ова лето, покажаа резултатите од направената студија на група научници од Империјал колеџ во Лондон и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина. Научниот тим користел климатско моделирање за да го процени влијанието на глобалното затоплување помеѓу јуни и август.