
НОВИ ЦАРИНСКИ ПРАВИЛА ЗА ОНЛАЈН ПРАТКИТЕ: ЕУ воведува такса од 3 евра
Брзиот раст на онлајн купувањето и милијардите мали пакети што секојдневно пристигнуваат во Европа ја принудија Европската Унија да направи сериозен чекор во реформирање на царинските правила. Советот на Европската Унија денеска официјално одобри измени со кои се укинува досегашното ослободување од царински давачки за пратки со вредност до 150 евра, правило што со години



