
Анализи
МАПАС најавува големи реформи: Што ќе донесат мултифондовите и како ќе се менува исплатата на пензиите?
Македонскиот пензиски систем влегува во клучната фаза на трансформација од воведувањето на вториот столб досега. Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) најави дека во наредниот период ќе се развиваат нови модели за исплата на пензиите и ќе се воведат мултифондови. Оваа реформа веќе се применува во најголем дел од европските пензиски системи
