
Цените на основните прехранбени производи ограничени до крајот на февруари
Основните прехранбени производи ќе се продаваат со ограничени цени до крајот на февруари. Продолжениот рок ги опфаќа и водата и одредени видови пијалаци. Цените требаше да се вратат во „нормала“ на 31 јануари, но по предлог на Министерството за економија, Владата донесе одлука за изменување на постојната одлука за определување највисоки цени за одделни производи.


