
Финансии
Репликата од познатата слика на Мона Лиза е продадена за неверојатни 3,4 милиони долари
Репликата на светски познатата слика на Мона Лиза насликана од уметникот Леонардо да Винчи, е продадена на еден европски колекционер за околу 3,4 милиони долари во аукциската куќа Кристи. Репликата, позната како „Hekking Mona Lisa“, се очекуваше да биде продадена за 200.000 до 300.000 евра на интернет-аукцијата, но сепак беше продадена за 10 пати повеќе.
