Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Репликата од познатата слика на Мона Лиза е продадена за неверојатни 3,4 милиони долари

23 јун. 2021 г.·2 мин читање·1312 прегледи

Следете не на Viber

Репликата на светски познатата слика на Мона Лиза насликана од уметникот Леонардо да Винчи, е продадена на еден европски колекционер за околу 3,4 милиони долари во аукциската куќа Кристи.

Репликата, позната како „Hekking Mona Lisa“, се очекуваше да биде продадена за 200.000 до 300.000 евра на интернет-аукцијата, но сепак беше продадена за 10 пати повеќе.

„Ова е лудило, ова е апсолутен рекорд за репродукција на „Мона Лиза“, рече портпаролот Кристи.

Според нејзиниот претходен сопственик, Рејмонд Хекинг, се верувало дека репликата ја насликал италијанскиот сликар на почетокот на 17 век. Според неговата изјава, тој ја поседувал вистинската „Мона Лиза“, но сличната копија на оваа скапоцена уметност била вратена во Лувр, откако сликата била украдена во 1914 година.

Поголемиот дел од својот живот го посветил на докажување дека сликата што ја купил за четири долари е оригинален примерок од Леонардо, додека делото во Лувр е копија.

„Ова дело и неговата историја ја илустрираат фасцинацијата што ја имаше Мона Лиза и аурата на уметникот Леонардо да Винчи“, соопшти аукциската куќа.

 

Клучни зборови

  • аукциската куќа Кристи
  • леонардо да винчи
  • мона лиза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk