
Конкурс на КХВ: Годишна награда за најдобар труд на младите истражувачи
Комисијата за хартии од вредност распиша конкурс за доделување на годишната награда за млади истражувачи, чии трудови ќе бидат оценети како најдобри за 2023. Кандидатите треба да се пријават со трудови од областа на пазарот на капитал. Еден автор има право да поднесе само еден труд и тоа како единствен автор или пак како коавторство.




