
Анализи
ПАРИ ИСТРАЖУВАШЕ: Автомобилскиот сектор во рикверц. Збришани 30 милиони евра од вкупните приходи на топ 10 увозници на возила
Ударот на кризата врз автомобилската индустрија е повеќекратен. Најпрво започна со изолирањето и работењето од дома кога на удар беше побарувачката за нови автомобили. Драстично се намалија потребите од превозни средства, а пазарот се обидуваше преку најразлични промотивни кампањи да надомести дел од загубеното. Исто така, во голема мера влијае и неизвесноста околу вирусот која
