Сума од 332,5 милиони евра минатата година се свртела во бизнисот со продажба на автомобили во земјава, додека добивката во овој бизнис изнесува 13,6 милиони евра, покажува анализата што за овој сектор ја подготви „Таргет Груп“.
Во десетте автокуќи, кои имаат најголеми приходи се свртеле вкупно 225,2 милиони евра, што е 67,7 отсто од вкупните приходи во целиот бизнис. Потоа, уште 54,3 милиони евра се свртеле во автосалоните што имаат приходи поголеми од три а помали од осум милиони евра, а во сите останати се свртела сума од околу 53 милиони евра.
Ан…