
Надворешниот долг порасна на 4,6 милијарди евра, МИП и натаму длабоко негативна
Македонија ја завршила 2025 година со надворешен долг во нето износ од 4.586 милиони евра, што претставува 27,1 процент од БДП. Во последниот лански квартал е забележано зголемување за 102 милиона евра или за 2,3 проценти. Истовремено, негативната меѓународна инвестициска позиција достигнала 8.750 милиони евра, односно 51,6 проценти од БДП. Како што наведуваат од Народната

